After Midnight

Пет ситуации во кои пријателката е поважна од партнерот: Еве кога вашата поддршка ѝ е најпотребна!

Кога на вашата пријателка ќе ѝ почине некој близок

Кога вашата пријателка ќе има смртен случај во семејството или ќе почине нејзина драга личност, поддршката во тешките моменти е клучна за подобро да се справи со тагата. Во тие моменти, таа е далеку пред вашиот партнер. Обрнете внимание на неа и бидете нејзиното рамо за плачење. Неа ќе ѝ биде полесно, а и вие ќе се чувствувате подобро.

Кога ќе раскине со партнерот

Секое раскинување е тешко само по себе, особено ако таа е оставената. Без оглед на тоа дали раскинувањето се случило одеднаш или тие биле во нестабилна врска веќе некое време, а се работело само за моментот кога таа врска ќе се распадне, вие сте тука за да ја слушате и да ја утешите како вистинска пријателка..

Кога ќе се скарате

Кога ќе се карате со пријателката, веројатно веднаш ќе отидете кај партнерот да ви даде утеха. Совршено е добро да го смирите вашиот гнев на тој начин, но кога ќе ја оладите главата, јавете и се на вашата пријателка за да ги решите недоразбирањата. Не дозволувајте моменталниот проблем да го загрози вашето пријателство.

Кога се прашува дали е тој вистинскиот

Ако вашата пријателка има дилема дали нејзиниот партнер е вистинското момче за неа, вие треба да бидете покрај неа, да ја слушате и да и дадете искрен совет. Тогаш и треба некој кој ќе гледа пообјективно на ситуацијата.

Напиши коментар