Продавниците имаат строга политика за одржување на растојание.
На луѓето ширум светот им се советува да одат да купуваат самостојно и да одржуваат минимално растојание од два метра. Но, самохраната мајка Мери Ен Фоси Ресендез нема на кој да ја остави својата 5-годишна ќерка, а поради осудата ѝ става на грбот порака што девојчето мора даја носи.
„Знаев дека некој идиот ќе не фотографира и ќе зборува глупости на социјалните медиуми затоа што тој не ги знае сите факти“, објасни Мери Ен за нејзината постапка.
Пораката што нејзината ќерка ја носи на грб гласи:
„Имам само пет години. Не можам да останам дома сама, па морам да купам намирници со мајка ми. Пред да започнете да судите, останете на растојание од два метра “.
Објавата стана вирална, споделена е над 43.000 пати и има илјадници коментари.
„Престанете да ги судите и да ги засрамувате родителите. Никој од нас не треба да се правда“, заклучија другите родители.