Поранешната руска тенисерка Марија Шарапова ги изненади своите фанови објавувајќи телефонски број на својот профил на Твитер и ги повика сите да ѝ пишат.
Таа истакна дека сака да кореспондира со своите фанови и да слушне што тие мислат и како се чувствуваат.
“Не само што го добив бројот 310, туку го споделив со вас. Испратете ми порака! 310-564-7981. Навистина, кажете ми како сте, поставете ми прашање или само поздравете ме”, напиша таа во постот, додавајќи дека е можно само да ѝ испратите СМС-порака.
Марија исто така додаде дека ќе и биде задоволство да добие некои нови рецепти за готвење.
Слушнете ја нејзината порака!