- Автоматски ќе му станеш позабавна
Секој може да се согласи, но самодовербата е навистина привлечна. Секогаш повеќе не привлекува некој кој е полн со самодоверба отколку некој кој не е многу сигурен. Значи, кога на овој начин ќе покажеш храброст и самодоверба, тоа исто така може да значи дека симпатијата веднаш ќе те погледне со други очи. Не секоја девојка ќе има храброст да направи вакво нешто, а на момчињата некогаш им се допаѓа кога девојката ќе ги земе работите во свои раце.
- Ќе се чувствуваш подобро
Затоа што ќе знаеш дека си направила се што е во твоја моќ. Дали тој ќе те одбие или ќе остане воодушевен, е надвор од твоја контрола. Може да се чувствуваш моќно, затоа што знаеш дека си направила нешто храбро и нешто што обично не би го сторила. На овој начин ја зајакнуваш твојата самодоверба и си докажуваш на себе дека можеш да направиш се што ќе замислиш.
- Ако не направиш нешто, можеби никогаш нема да се случи ништо меѓу вас
Можеби тоа момче е срамежливо, не те забележало или едноставно не знае како да ти пријде, бидејќи се плаши дека ќе го одбиеш. Може да му фрлиш навестувања дека го сакаш, но момците се момци и нема да ги разбираат работите додека не им ги кажеме директно. Ако и тој ти се допаѓа и имаш шанса кај него, најлесен начин да дознаеш е да го направиш првиот чекор. Дали е пострашно од живеењето во не знаење?
- Во спротивно, им даваш шанса на другите девојки
Дали навистина сакаш да им дадеш шанса на другите девојки да го освојат пред ти да се обидеш? Додека чекаш тој да ти се јави, може да се појави девојка која нема да се плаши, која ќе му пријде и ќе го направи првиот потег и ќе го освои со таквиот гест.