Не секој би бил доволно храбар да направи таква драстична промена. Ние ja знаеме Деми со долга коса, обично темна, а сега таа не изненади сите кога целосно ја скрати косата и ја обои во розова боја.
Девојките ја менуваат својата фризура кога ќе им се случи некоја голема промена во животот, особено по раскинувањето, кога ќе решат целосно да свртат нова страница. Пред извесно време, Деми Ловато ја раскина веридбата со момче за кое сите, вклучително и таа, веруваа дека е „вистинскиот“, а по раскинувањето почна да ја крати косата, малку по малку, а сега ги изненади обожавателите со нов, тотално поинаков изглед.Таа ја покажа својата нова, ултра кратка коса на Инстаграм, и тоа во розова боја.
Деми во една прилика изјави дека со пократка коса се чувствува подобро и повеќе личи на Деми, како и дека промената на косата е духовна и емоционална промена, којашто и е потребна. Нејзината нова фризура изгледа одлично! Промената ја пофалија и нејзините фанови во коментари, а како и нема, кога за која и фризура да се одлучи, на Деми и прилега одлично.