Celebrity

Еве зошто обожавателите инсистираат Џастин Тимберлејк да ѝ се извини на Бритни Спирс

Иако не се видени заедно од 2002 година, документарниот филм ги врати обожавателите во времето кога најпопуларните музичари во светот беа во врска.

По емитувањето на документарниот филм „Framing Britney Spears“ , кој го објави Њујорк Тајмс, обожавателите бараат поп-ѕвездата Џастин Тимберлејк да ѝ се извини на Бритни Спирс, за начинот на кој се однесуваше кон неа додека беа во врска.
Иако не се видени заедно од 2002 година, документарниот филм ги врати обожавателите во времето кога се забавуваа најпопуларните музичари во светот.

Филмот прикажува моменти и детали кои влијаеле на кариерата на поп-пејачката, но исто така и делумно довеле до нејзин нервен слом во 2007 година.

Иако првичната идеја беше да се расветли движењето #FreeBritney, кое се залага за укинување на старателството што таткото Бритни Спирс го имаше над пејачката уште од познатата криза со менталното здравје, јавноста е насочена кон сагата Тимберлејк – Спирс.

Поранешниот пар, кој се појави заедно во Дизни серијата „The All-New Mickey Mouse Club“, се забавуваше од 1998 до 2002 година. И додека Тимберлејк излегуваше од врската како урбано, кул, момче од ујорк, Бритни Спирс стана главниот негативец на американските медиуми.

„Начинот на кој медиумите се однесуваа кон неа беше ужасен. Како да се во средно училиште и таа е аутсајдерот, а Тимберлејк е главниот играч на најпопуларниот спортски тим “, рече критичарот Весли Морис во филмот.

Фановите на Твитер напишаа дека Тимберлејк ја искористил Бритни Спирс за да ја промовира својата кариера и побараа извинување од него.

За ваквиот наратив, навивачите веруваат, но и критичарите во филмот, виновен е самиот Тимберлејк.

Напиши коментар