Free zone

Кажете ѝ збогум на наелектризираната коса: Скротете ја со помош на овој трик

Коса што лета на сите страни, станува наелектризирана и нема никаква форма – сите сме се соочиле со овој проблем барем еднаш, секако во оние денови кога брзаме, доцниме и трчаме.

Овој вид коса особено се манифестира во текот на зимскиот дел од годината, поради капите и шеширите што ги носиме и поради сувиот воздух, со кој општо сме опкружени секогаш кога не сме надвор.

Со текот на годините, испробавме бројни трикови кои наводно ни се од голема помош кога треба да ги скротиме оние тврдоглави влакна и најдовме еден, што е дефинитивно најдобар.

За тоа, потребна ви е чиста четка за маскара и малку гел за коса.

Ставете минијатурна количина гел на четката и едноставно поминете ја низ прамените за да се смири. Повторете ако е потребно.

Напиши коментар