After Midnight

Колку време ѝ е потребнo на една личност да се заљуби, а колку да изјави љубов? Разликата е голема…

Понекогаш трае со недели, а понекогаш дури и со месеци, сè додека не започнеме да зборуваме за заљубеност. Оваа тема е прилично стресна особено за жените, бидејќи на секој маж му треба различно време за вистински да се заљауби. Честопати, на почетокот на врската, чувствата на силна страст се заменуваат со вистинска љубов. Меѓутоа, кога ТОЈ навистина се вљубува?

Љубов по неколку недели? Па, не баш…

Експертите за врски тврдат дека и на мажите и на жените навистина им треба повеќе време да се заљубат. Бидејќи секоја личност и секоја врска е индивидуална, нема општ одговор или временски период кога тоа ќе се случи. Сепак, експертите тврдат дека во првите неколку недели од врската може да се зборува за взаемна страст и копнеж. Тоа чувство може да се појави брзо, додека за вистинска заљубеност и вистинска љубов, навистина треба да го запознаете вашиот партнер. И тоа е долг процес.

Но, процесот може да се забрза: луѓето кои генерално размислуваат позитивно, можат побрзо да се заљубат отколку песимистите. Ова се објаснува со фактот дека песимистите критички гледаат на врската и партнерот, додека оптимистите се повеќе подготвени да и дадат шанса на врската.

Мажите се заљубуваат побрзо, но го кријат тоа…

Студија на порталот vouchercloud.com покажа дека мажите се заљубуваат побрзо од жените! На истражувањето присуствуваа 2.000 возрасни мажи и жени кои биле во врска најмалку една година. Резултатите покажале дека мажите се заљубиле по три месеци, додека жените се чувствувале заљубено по пет месеци.

Следното прашање е: Кога за прв пат му изразивте љубов на вашиот партнер? Тука ситуацијата значително се менува. Жените први кажале „Те сакам“ по шест месеци, само еден месец откако се вљубиле. На мажите им требало повеќе време и храброст да ги кажат двата волшебни зборови – дури девет месеци! Ова значи дека на мажите им треба дури половина година од за заљубување до „Те сакам“ …

Сепак, 13 проценти од испитаниците откриле дека сеуште не му искажале љубов на својот партнер дури и по повеќе од една година врска. Повеќето од испитаниците на кои партнерот прв им објавил љубов имале проблем со притисокот врајќаќи ги истите емоции… И поради тоа, третина од испитаниците признале дека изјавувале љубов, но не мислеле така во тоа време, пренесува miss7.

Напиши коментар