Понекогаш ве одржува некоја необјаснива сила, што иако ги гледате лошите работи поради кои треба да си заминете, сепак останувате во врската којашто нема иднина. Постојат неколку потврдени причини зошто луѓето остануваат во лоши врски, а главната од нив е недоволно самопознавање.
Постојат работи кои во никој случај не се дел од една здрава врска, а кога ќе забележите дека се вселиле во вашата врска, тоа значи дека сè тргнало надолу и дека е време да се спасите од бродот што тоне. Не смеете да трпите, бидејќи во тој случај се губите себеси и драгоценото време од вашиот живот!
Лаги
Врската што се гради врз лаги и недоверба е осудена на пропаст. Нема потреба некој од вас да се измачува со сомнежи или вознемиреност, вистината се дознава порано или подоцна, а моментот кога почнавте да лажете беше оној момент кога требаше да се разделите и да останете искрени еден со друг.
Закани
Еднаш изговорената закана сигурно ќе стане вистина, а ако треба да ви се заканува лицето кое ве сака, тогаш дефинитивно не ве сака и немате што да барате до него. Љубовта е врска исполнета со нежност и поддршка, а не живот во страв.
Тој се обидува да ве контролира
Вашата слобода е драгоцена и ако видите желба кај партнерот да го контролира секој ваш потег, зборувајте за тоа. Ако отворен разговор не помогне, тогаш прекинете ја врската, бидејќи нема да можете да дишете наскоро. Сигурно не сакате да дозволите врската, која имаше вредност во вашите очи, да прерасне во патолошка врска.
Немате поддршка од партнерот
Без оглед каква одлука ќе донесете, тој нема да ве поддржи. Тоа негативно влијае на вашата самодоверба и ве попречува во сè. Ако тој навистина ве сака, ќе ве поддржува да продолжите напред, не би ве запирал. Следете ја својата среќа и пронајдете начин да ги остварите вашите соништа, не заслуживте некој да ве попречува на патот кон вашите желби.