Free zone

Како вашите стари фармерки повторно да изгледаат како нови: Пробајте го овој едноставен трик

Со текот на времето и по многу перење, дури и најдобро прилагодените фармерки ја губат својата форма, се протегаат и повеќе не изгледаат како што сте навикнати. Наместо да ги оставите настрана засекогаш или да барате совршен нов пар, постои едноставно решение кое може да го врати нивниот поранешен сјај.

Имено, овој метод е наменет за фармерки кои не содржат еластин, па затоа е многу важно пред постапката да се провери составот на ткаенината. Доколку фармерките содржат еластин, овој трик може да има спротивен ефект и дополнително да ги деформира.Ако вашите фармерки се направени од чист памук или сличен материјал без еластин, слободно пробајте ја оваа техника. Постапката е едноставна.

Во поголемо тенџере зовријте вода со 100 грама сол. Солта е клучна бидејќи помага да се зачува бојата на фармерките, спречувајќи ги да избледат при готвење на висока температура.

Кога водата ќе зоврие, внимателно ставете ги фармерките во тенџерето и оставете ги да се варат околу десет минути. Потоа извадете ги, исцедете ги и исплакнете со ладна вода.

На крајот оставете ги природно да се исушат на воздух. Откако целосно ќе се исушат, фармерките треба да ја вратат својата цврстина и форма, а вие повторно ќе можете да уживате во омиленото парче облека.

Write A Comment