Celebrity

„Престани да му пишуваш пораки, јас сум му жена“: Пејачката го прекина концертот и се обрати на еден од присутните (ВИДЕО)

Пејачката Кети Пери го прекина својот концерт во еден момент за да се обрати на еден обожавател и да му се закани да престане да му пишува пораки на нејзиниот вереник.

Поп-ѕвездата Кети Пери предизвика уште една возбуда на средина од концертот. За време на неодамнешниот настап во Невада, пејачката ја изненади публиката кога јавно го повика обожавателот по име Кајл на сцената, обвинувајќи го дека со месеци му пишувал пораки на нејзиниот вереник, актерот Орландо Блум.

„Знам зошто си тука. Ако продолжиш да му пишуваш пораки на мојот сопруг… Сериозно, најди си живот. Јас сум му жена“, му рече Пери, клекнувајќи на сцената во боди и мрежести чорапи додека го бараше со погледот.

Публиката беше шокирана и реагираше на нејзиниот драматичен настап, додека Пери продолжи:Го правиш ова со месеци! Му пишуваш откако започна оваа резиденција. Ако не престанеш, ќе бидеш отстранета од настанот!

За да ја зачини целата сцена, веднаш по конфликтот таа се префрли на песна со симболичен наслов „I’m His, He’s Mine“, со репликата упатена до Кајл: „Тој не те сака!“

Сепак, како што подоцна беше откриено, целата ситуација била дел од добронамерна шега, Кајл сподели порака на социјалната мрежа X што всушност ја испратил до Орландо:

„Еј убавецу, можеш ли те молам да ѝ кажеш на Кети да ја испее песната Ghost?“

Обожавателите се воодушевени од начинот на кој Пери ја вклучи публиката во настапот, додека хејтерите коментираа дека очајно ѝ е потребно внимание, по низата контроверзии што ја следеа во последните месеци.

За потсетување, Кети Пери и Орландо Блум се верени од 2018 година, а ја добија ќерката Дејзи во август 2020 година. Пејачката моментално е на турнејата „Lifetimes“, која започна во Мексико Сити и продолжува во Тексас, Австралија и низ целиот свет.

Write A Comment