← НАЗАД НА БОЗА

ХОРОСКОП - 23 јули 2017

 

Oвен21.3. - 20.4.

Почетниот неуспех треба да ве мотивира на дополнителна упорност или на желба за надминување на различните компликации. Важно е да направите листа на приоритети или да прифатите корисен совет во натамошната деловна ориентација. Позицијата на Месечината дополнително влијае на вашата емотивна вознемиреност или на лоши проценки, а партнерот не сака д попушти пред вашите барања. Смислете некое алтернативно решение. Совет: Нема причина премногу да се возбудувате околу некои минливи настани и ситници.

Љубов

Работа

Здравје:

 

Бик21.4. - 20.5.

Обидете се да се дистанцирате од лице кое повторува погрешна приказна. Сè што правите со позитивна тенденција, остава добар впечаток на соработниците и ја потврдува вашата афирмативна улога во заеднички договор. Бидете доволно креативни, планирајте некоја нова или возбудлива забава за двајца. Направете повеќе од вообичаеното, за да оставите посебен впечаток и да ја освоите личноста која ви значи. Совет: Важно е да применувате докажани рецепти, како поттик за добро расположение.

Љубов

Работа

Здравје:

 

Близнаци21.5. - 21.6.

Нема потреба да се водите од лажните впечатоци за новите деловни можности. Добро проверете ги различните информации и нечија улога во деловната соработка. Понекогаш комплетната ситуација треба постапно да ја анализирате на повеќе начини. Не можете да ја залажувате блиската личност за некои работи, кои делуваат како позната приказна. Обидете се со повеќе емоции да привлечете нечие внимание. Совет: Ќе ви годи прошетка или некоја спортска активност.

Љубов

Работа

Здравје:

 

Вага24.9. - 23.10.

Упорно се обидувате да ја импресионирате околината или една влијателна личност која неодамна сте ја запознале. Сепак, сè што правите повеќе потсетува на преувеличување или на претерано експонирање. До успех не се доаѓа на лесен и едноставен начин. Наместо интензивно да размислувате за нечии грешки, подобо е сериозно да го анализирате вашето однесување и пропустите кои ги правите. Ви недостига самокритика. Совет: Важно е да имате силна мотивација и добра волја.

Љубов

Работа

Здравје:

 

Водолија21.1. - 19.2.

Доколку ве привлекуваат некои таинствени или необични ситуации, мора да прифатите одреден степен на деловен ризик. Нема причина да ги преувеличувате вашите можности или да кршите основни правила на бизнисот.Ненадејна средба со една личност за вас претставува емотивен врв, но за жал таа возбуда поминува побргу отколку што би сакале. Понекогаш е пожелна и утешна опција. Совет: Важно е да задржите присебност на духот и самоконтрола.

Љубов

Работа

Здравје:

 

Девица23.8. - 23.9.

Искуството ве предупредува дека не треба да верувате на човек кој има лоша репутација или за која вашите соработници зборуваат во негативен контекст. Одложете ги новите финансиски пресметки или некој вид здружување под сомнителни околности. Имате впечаток дека љубовта и личното задоволство ви се промакнуваат. Добро размислете и не прифаќајте пасивна улога пред саканата личност. Совет: Ќе ви одговара психо-физичка релаксација.

Љубов

Работа

Здравје:

 

Јарец22.12. - 20.1.

Се грижите да се направи правилна делба на деловните и материјалните интереси. Потребно е да превземете иницијатива, бидејќи повеќето од соработниците се залагаат за лични стандарди или услови кои најдобро ги познаваат. Нема причина да прикривате дел од приказната, која создава нова сомнеж или чувство на несигурност кај саканата личност. Соочување со вистината претставува и големо психолошко олеснување. Совет: Ќе ви годи креативен одмор и повеќе часа здрав сон.

Љубов

Работа

Здравје:

 

Лав23.7. - 22.8.

Избегнувајте претерано експонирање во друштво на соработниците и не зборувајте за работи кои претставуваат потенцијална опасност за вашите деловно-финансиски интереси. Впрочем, секогаш постои фактор на промени и изненадувања. Нема потреба наивно да ги проценувате можностите на партнерот или премногу да се занесувате со субјективни проценки. Совет: Обратете внимание на својата здравствена проценка, релаксирајте се соодветно.

Љубов

Работа

Здравје:

 

Рак22.6. - 22.7.

Доколку ви недостига добра волја или концентрација, препуштете им на соработниците да се занимаваат со комплицирани задачи кои бараат поголем напор. Мора да имате добра проценка, која може да ве замени во клучниот момент. Не му дозволувајте на својот партнер претерана доза самоволие или игнорирање на заедничите договори. Потребно е доволно гласно да се слуша вашиот збор. Совет: Избегнувајте ситуации кои премногу ве исцрпуваат.

Љубов

Работа

Здравје:

 

Риби22.2. - 10.3.

Не успевате најдобро да предвидите нечиј одговор на дадена тема или да воспоставите добар однос во комуникација со соработниците. На време побарајте нечија морална или материјална поддршка. Саканата личност ги игнорира вашите идеи и се обидува да ве наведе на своите планови. Ви изгледа како да не можете да се договорите за основни работи. Тоа е минлива фаза. Совет: Ќе ви годи витаминска исхрана и поголема количина на течности.

Љубов

Работа

Здравје:

 

Стрелец23.11. - 21.12.

Неопходно е да одложите некои деловни зделки. Повремено постојат работи кои бараат креативно размислување или фаза на инкубација. За сега имате повеќе прашања отколку задоволителни одговори, трпеливо почекајте за подобра деловна можност. Не можете да се ослободите од емотивниот впечаток за една личност. Често размислувате за работите кои ви се недостапни од сегашна перспектива. Совет: Опуштете се, ќе ви годи психо-физичка релаксација.

Љубов

Работа

Здравје:

 

Шкорпија23.11. - 21.12.

Имате добра проценка за новите деловно-финансиски можности. Умеете да го наметнете своето мислење пред соработниците и добивате повеќе пофалби од различни страни. Меѓутоа, не сакате да запрете на сегашната позиција. Се чувствувате како некој да ви ги скратува можностите за нов избор или емотивно задоволство. Ви пречи и сознанието дека партнерот делува отсутно или незаинтересирано за вашите идеи. Совет: Во искрен разговор секогаш можете да ја олесните вашата совест.

Љубов

Работа

Здравје:

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk