За мажите секој секс е добар, само да е секс. Но, тоа не значи дека и тие немаат омилена поза, место или нешто што ги возбудува. Секој маж на прашањето која е неговата идеална партнерка за во кревет, нема да одговори да е слаба, да нема целулит или нешто слично. Одговорот е да биде слободна и доволно дива да експериментира во сексот.
Еве неколку поинакви совети за добар секс, сигурно ќе има многу девојки кои нема да се плашат да ги пробаат. Останатите, се надеваме дека барем во нешто ќе се пронајдете.
Долна облека…
Додека сте излезени со друштво, скришно бутнете му гаќички во џебот. За да не ве издаде и изреагира со глупаво прашање, одма шепнете му што сте направиле. После ова, цела вечер ќе ве соблекува со поглед и одвај ќе чека да си заминете дома.
Добра домаќинка…

Подгответе му палачинки. Оставете сам да јаде. Вашата палачинка ќе ја изедете покасно. Намачкајте го неговото тело со крем, нацртајте некоја фигура со чоколадниот прелив, и на крај наредете ги бананите на градите. Фрлете се на јадење. За да го изведете ова, ви се потребни повеќе услови, и секако дозвола од партнерот. Доволно е само едно овошје за да се постигне целта.
Бидете бисер…
Бисерите освен како накит можете да ги употребите и како играчка во креветот. Соблечете се гола, а само на вратот ставете бисери. Бакнете го во уста за да се занесе и да мисли дека случајно сте ги заборавиле на вас. Неочекувано прекинете со бакнувањето. Симнете ги бисерите од вратот и со нив почнете да го милувате по телото. Меките и нежни бисерни топчиња ќе му дадат извонредна масажа на интимните точки.
Секси цвет…
Отидете кај него со букет од пет цвета. Земете еден цвет и галете го со него. Прво задржете се на лицето, особено на усните. Потоа земете нов цвет со кој ќе ги галите неговите нозе и раце. Следниот цвет искористете го да го галите неговиот стомак и гради. Четвртиот цвет се знае е за најбитниот дел, тука особено треба да внесете повеќе фантазија. Петтиот, ставете го во вазна да го потсетува на незаборавната ноќ.
Игра…
Облечете се колку што можете посекси. Дајте му ја камерата, ако немате тогаш искористете го телефонот. Додека ве снима, вие соблекувајте се танцувајќи. Потоа легнете на креветот и почнете да се допирате. Тој ќе ужива во таквата глетка. Доколку немате премногу доверба во него, на крајот не заборавајте снимката да ја земете со себе.
