Една од најголемите грешки на жените е тоа што погрешно се поставуваат кон својот партнер. Зарем е потребно да му бидете мајка на партнерот? Мислите дека со таквиот однос ќе има страст на долг рок?
Доколку одберете маж на кој му треба да има таков однос од својата партнерка треба да се запрашате дали таа врска ќе трае. Многу е голема веројатноста дека кога тој ќе “порасне” и кога ќе му биде смачено од таквиот однос да ви каже “збогум”. А освен тоа и страста е невозможна во таквата врска. Вашиот однос нема да се темели на страст и љубов, туку на грижа и прекор.
Доколку се однесувате како мајка со својот партнер, тој уште повеќе ќе се однесува како дете. Доволно е да ги искористите своите други особини, како што се на пример заводливост, сигурност во себе, страст, наклонетост, но не и “мајка” која постојано ќе го учи што е правилно и ќе му замерува на секоја грешка.
Затоа размислете за вашиот однос. Доколку дојде до крај треба да знаете дека виновникот сте вие, а не тој што се однесувал како дете!
