Пејачката почна да работи на снимањето на филмот „Holly Motors“ во режија на Леос Каракс.
Во Париз започна снимањето на филмот со Жилијет Бинош во главната улога, во кој се појавува и австралијанската џебна Венера – Кајли Миног (43).
Филмот „Holly Motors“ говори за еден ден од животот на личност која патува низ животите на разни луѓе – убиец, просјак, богат сопственик на компанија, чудовиште и татко. Сеуште не е познато која улога ќе ја игра Кајли Миног.
Пејачката е најпозната по улогата на Шарлин во австралијанската серија „Соседи“, а се има појавувано и во филмовите „Деликвенти“ и „Уличен борец“. Минатата година Кајли го снимаше и филмот „Џек и Дајен“.
