Сигурно многу од вас се прашуваат каква е тајната на оние среќници што ги прават мажите да им паднат на коленици? Видете неколку полезни совети:
Во однос на гардеробата, кога сте сами дома се е дозволено, тенки чорапи со жартиери, подвезици, перики, прозрачен долен веш, секси играчки…
Секогаш бидете жена – не кријте ги ни добрите ни лошите страни. Бидете и паметна и наивна, и добра и лоша, така животот ќе ви биде поинтересен и на двајцата.
Сексот. За него тоа е најважното. Затоа никогаш не гледајте на водењето љубов како на обврска. Колку почесто имате секс толку подобро. Не го одбивајте, зошто колку и да ве сака, порано или покасно ќе фати “кривини”.
Мажите сакаат кога некој ги разгалува и мази и некој што внимателно и со разбрање ќе ги слуша нивните болки и проблеми.
Понекогаш правете скандали. Мажите мразат монотонија, сакаат да бидат предизвикани, а после одбиени, за да имаат повторно нешто за освојување. А пак сите знаеме дека помирувањето во спалната соба е многу пријатно.
Не му ги забранувајте машките задоволства, ако сака да отиде во стриптијз не велете не, единствено може да кажете вака: “Не сакаш ли злато јас да го соблечам градникот?” Галете го, бакнувајте го. Така омекнува и најжелезниот маж.
Немојте никогаш да го навредувате. Сепак мажите имаат достоинство. Направете да се чувствува специјален. На овој начин ќе падне на колена пред вас.
