Еден несериозен флерт, чаша вино и веќе сте ја изгубиле контолата…
Сте рамислиле ли дека еден непознат додворувач освен цвеќина може да ви донесе и цел букет од полови инфекции?
Денес ќе ви раскажеме малку повеќе за превенцијата од ваквите болести.
Тие се доста „итри“- нивните симптоми не се јавуваат веднаш. Понекогаш можете да разберете дека сте носител на некој вирус дури откако вашиот партнер ќе заболи од истото. Тогаш започнуваат обвиненија за неверство и предавство. Ова се разбира може и да е така – најразличните хламидии, трихомонади, уреоплазми, микоплазми и други микроорганизми често се пренесуваат по полов пат.
Но постои и уште еден друг начин на пренесување односно недоволна лична хигиена. Тоалетот и сауната се едни од местата со голем ризик да се инфицираме.
Каква е превенцијата на половите инфекции?
Водете љубов само со постојаниот партнер. Честото менување на партнери е најчеста причина за пренесување на ваквите болести.
Употребувајте секогаш презерватив. Ова е најсигурниот начин да се заштитите од сексуално пренослива болест и несакана бременост.
Применувајте ги правилата за интимна хигиена. Задолжително користете интимен гел, ако во моментот немате чиста вода, на пример по време на подолги патувања, или пак носете секогаш со себе интимни марамици кои многу добро дезинфицираат. Добро е да се користат пред и после секс.
Еднаш или два пати годишно одете на контролен преглед кај специјалист и незаборавајте дека некои венерични болести можат да бидат и без симптоми во почетокот.
