Celebrity

Како Red Hot Chili Peppers се забавува на снимањата?:)

Ден потоа, откако на Фејсбук се пофалија дека се номинирани за да влезат во „Rock and Roll Hall of Fame 2012“, групата Ред Хот Чили Пеперс објави видео на кое се прикажани сцени од снимањето на новиот албум „I’m With You“ кој беше неодамна објавен.

На снимките се гледа што сè тие мораат да направат и како треба да позираат пред фотографите кои работат на материјалот за промоција на бендот. Сепак, иако прават невообичаени работи, се гледа дека барем уживаат во тоа.

Дечките неодамна ја прославија 20-годишнината од нивниот најпопуларен албум „Blood Sugar Sex Magik“ со кој навистина сраснале во еден бенд, и по душа и по квалитет. Тоа им дало структура и продлабоченост.

Еве како изгледа снимањето:

httpv://www.youtube.com/watch?v=K222odE-x5k&

Write A Comment