After Midnight

Машки чувства vs женски чувства

Мажите и жените се многу различни, не затоа велат жените се од Венера, а мажите се од Марс.

Истражувањата покажале дека разликите помеѓу мажите и жените навистина постојат, можеби не во интензитетот на љубовта, но во чувствата и манифестацијата има и тоа како голема разлика.

Жените ја идеализираат љубовта. Кога се вљубени тие не ги гледаат мааните на партнерот. Се гледаат низ розови очила.

Исто така, тие се спремни да влезат во брак многу порано, за разлика од мажите. Но, наспроти тоа тие почесто се заљубуваат, и нивната љубов е со пократок рок. За разлика од мажите тие не веруваат дека постои една и единствена љубов во животот.

Мажите сметаат дека навистина постои само една вистинска љубов, а се друго е компромис.

Жените се многу повнимателни кога станува збор за избор на партнерот, додека пак мажите може да отпочнат врска за која сеуште не се сигурни во чувствата.

Жените во многу поголем процент од мажите се спремни да останат во несреќна врска, со надеж дека работите ќе се “средат”.

Разлики постојат и во начинот на искажување на чувствата. За жените интимност подразбира разговор, а за мажите заеднички активности.

Жените сакаат да разговараат за проблемите во врската, а мажите ги игнорираат убедувајќи се дека се е совршено.

 

Write A Comment