Сексот за една вечер може да биде мошне забавен, возбудлив и полн со страст, но сепак треба да знаете како да си го направите таков бидејќи во спротивно ќе заврши како едно не така пријатно искуство. Па кои се правилата за мажи кога станува збор за ова задоволство?
Во нејзин кревет
Кога играта станува интересна и атмосферата брзо се вжештува, а таа ви предлага да одите кај неа, најдоброто нешто што треба да го направите е да ја прифатите поканата. Зошто? Бидејќи најголемиот број мажи го оставаат својот стан превртен и расфрлан, што и не е така пријатна средина за секс. Подобро да ја однесете на отворено, отколку место каде нагонот ќе и падне за само неколку секунди. Освен тоа не знаете со кого си имате работа, па секогаш е подобро да и отидете, отколку да треба да ја бркате од дома.
Безбедност на прво место
Без разлика колку сте понесени од страста секогаш имајте предвид дека жената со која што имате секс можеби има некоја сексуално пренослива болест. Сигурно не сакате да си се вратите дома со непожелно сувенирче. Затоа кондомот секогаш нека ви биде при рака.
Бидете авантурист
Кога сте со жена која не ви е ниту сопруга, ниту девојка не е лошо да се обидете да спроведете нешто што вообичаено не ви паѓа на ум кога сте дома. Користете ја фантазијата. Сепак, ако нешто не и се допаѓа не форсирајте.
Немој да бидете груби
Фактот што имате секс со неа и повеќе не ја гледате, не значи дека треба да ја третирате како да не вреди ништо. Сте имале страсна ноќ, но тоа не значи дека сè ќе заврши тука. Навистина нема потреба да бидете груб со надеж дека така најдобро ќе ја откачите, за потоа да сфатите дека сте направиле фатална грешка.
Не се залетувајте
По долга врска мажите вообичаено одат на варијантата секс за една вечер кој го практикуваат подолго време. Ако не сте успеале со една жена, не значи дека со друга ќе ви се случи истото. Не си ја уништувајте шансата за комфорен живот во двојка само затоа што сте повредени. Врската нуди интимност, а сексот за една вечер само задоволство.
