Срцекршачки!
Кога би морале со еден збор да го опишеме новото остварување на Сандра Булок и Том Хенкс под наслов „Extremely Loud & Incredibly Close“, тоа би бил баш тој збор – срцекршачки.
Филмот се фокусира на смртта на еден татко токму на 11-ти Септември и е базиран врз романот од 2005 година на Џонатан Сафран Фоер. Во филмот глуми и 13-годишниот Томас Хорн и тоа како син на Сандра Булок и Том Хенкс. По смртта на таткото, момчето откива клуч кој му припаѓал на татко му и токму тој клуч го носи на едно поинакво патување низ Њујорк.
Филмот треба да ја доживее својата премиера на католички Божиќ, а се шушка дека ќе падне некој Оскар.
