Наместо да седат и да го чекаат долгоочекуваното: “Ќе се омажиш ли за мене?” жените го земаат проблемот во свои раце и го зашеметуваат партнерот со веќе перифразираното прашање: “Ќе се ожениш ли со мене?”
Додека пред половина век беше незамисливо жена да предлага брак, сега е поинаку и замислете дури секоја десетта жена предлага брак на партнерот според последното британско истражување.
Но зошто двата пола повторно си ги прераспределуваат улогите и зошто жените изполнуваат машки задолженија? Еве ви неколку предпоставки зошто е тоа така:
Жените се посмели од мажите во стремежот да создадат семејство и желбата за брак како последица на последново е поизразена.
Секоја жена што предложила брак на партнерот, тајно во себе посакува тој да биде оној што ја запросил, сочи британското истражување по темата. Факт е дека повеќето жени со трепет ја очекуваат просидбата, но уморни од чекање и несигурни дали воопшто ќе добијат веренички прстен решаваат први да предложат брак на партнерот.
Има и такви кои решаваат да си ја осигурат иднината на врската па затоа брзо-брзо предлагаат брак мислејќи дека на тој начин го врзуваат за цел живот и повеќе нема кај да бега.
Но поради какви уште причини жените предлагаат брак, а не мажите? Зошто кавалерите веќе на прсти се бројат, а романтиката изчезна заедно со нив? И каква е машката реакција на предлогот за брак од страна на жената?
Повеќето мажи би го прифатиле ова како шега, другите се збунуваат и се плашат но поголемиот дел од машкиот свет ќе каже:” Да!” Ваквиот предлог е нестандарден, се помни и е нешто за кое понатака во животот ќе им раскажувате на вашите деца. Така на пример Моника го запроси Чандлер во серијата “Пријатели”, а Миранда го запроси Стив во серијата “Сексот и градот”. Но ваквата појава е почесто среќавана на запад но не и кај нас. Но имајќи предвид колку брзо ги усвојуваме најразличните влијанија од запад, наскоро и ние ќе почнеме да предлагаме брак на саканите мажи!
