Во сезоната на славење тешко е да се одолее на честото наздравување кое лесно стигнува до граница на претерување.
Ако чашка две или повеќе не ви е нешто непознато, тогаш барем потрудете се да пиете водка, џин, текила или некој друг пијалок кој е без боја, бидејќи најмала е шансата да бидете мамурни наредниот ден.
Но, се ова не важи доколку пијалокот го мешате со газирани сокови, што често се случува, па ако баш морате, комбинирајте ги со густи сокови.
Пијалокот кој веројатно ќе ве натера да се покаете за изминатата вечер е пивото, па избегнувајте да го пиете во големи количини. Ако треба да се одлучите помеѓу црно и бело вино, одберете го белото. И додека го бирате виното потсетете се на песната од Здравко Чолич “Лоше вино”. Доколку боженственото вино е вашиот избор, не штедете токму на него, евтиното вино содржи состојки кои најчесто не се доволно квалитетни па поголема е веројатноста утредента да имате главоболка.
