After Midnight

Зошто паровите кои спијат голи се позадоволни? Помалку облека, повеќе љубов

Наизглед мали ритуали и навики кои ги споделуваме со партнерот може да имаат поголемо влијание врз врската отколку што мислиме. Од начинот на кој комуницираме во текот на денот до тоа како се релаксираме пред спиење – сè игра улога во градењето блискост.

Но, дали некогаш сте помислиле дека начинот на кој спиете може да влијае и на вашата среќа во врската?

Под ова мислиме дали спиете голи или носите пижами. Ова прашање можеби ви изгледа чудно, но според некои истражувања, паровите кои спијат голи наводно се посреќни и поповрзани од оние кои избираат пижами или долна облека.

Студијата на британската компанија „Котон САД“ покажа дека 57 отсто од паровите кои го делат креветот голи се чувствуваат позадоволни во нивната врска. Експертите тврдат дека допирот на гола кожа го стимулира лачењето на окситоцин, хормон поврзан со љубов, доверба и чувство на сигурност.

Дополнително, спиењето без облека може да го подобри квалитетот на сонот, да ја регулира температурата на телото, па дури и да ја поттикне интимноста.

Се разбира, не постои универзално правило. На некои луѓе им е поудобно во пижами, а среќата во врската не зависи само од тоа што носите (или не носите) во кревет. Клучот лежи во заедничките навики, комуникацијата и чувството на удобност.

Но, ако барате едноставен начин да се поврзете со вашиот партнер, можеби е време да ги фрлите пижамите. Пролетта и потоплите денови се на прагот, па можете да пробате ако сакате.

Write A Comment