Кожата е еден од најчувствителните органи на нашето тело, и со текот на времето природно ја губи својата еластичност, што доведува до појава на фини и длабоки брчки.
Додека некои ги прифаќаат брчките како нормален дел од стареењето, многумина сакаат да го зачуваат својот младешки изглед што е можно подолго.
Не постои магичен крем што целосно го запира стареењето, но постојат производи кои длабински ја негуваат и хидрираат кожата, со што го забавуваат формирањето на нови брчки.
За љубителите на природни решенија, одлична алтернатива на скапите креми е едноставен рецепт за домашен крем, кој се покажа како исклучително ефикасен за нега на деликатната кожа околу очите.
Кокосовото масло е вистински дар од природата за нега на кожата – ја храни, омекнува и штити. Етеричното масло од темјан е исто така високо ценето поради неговите регенеративни својства, природниот ефект на затегнување на кожата и способноста да ги намали фините линии и брчките. Покрај тоа, неговиот пријатен и топол мирис е смирувачки и опуштачки.
Измешајте ги состојките од кокосово масло и есенцијално масло од темјан, потоа нанесете на пределот под очите и масирајте со лесни кружни движења.
За ефикасноста на домашниот крем, препорачливо е да го нанесете до 2 часа пред спиење.
