Tik Tok

Ноктите постојано ви се кршат? TikTok гори од овој трик, проверено функционира

Веројатно сте слушнале за трендот за нега на кожата „slugging“. Вклучува нанесување густ производ, обично вазелин, врз вашите производи за нега на кожата навечер за да се постигне подлабока хидратација.

Сите на TikTok се воодушевени од трендот, па затоа не е изненадување што корисниците пронајдоа друга примена, на ноктите. Особено е популарен кај оние кои имаат проблеми со слаби и кршливи нокти и болни кутикули.

Кога ќе напишете #nailslugging во пребарувачот на TikTok, ќе видите дека многу корисници го започнуваат третманот со нанесување хранливо масло кое го втриваат во ноктите, проследено со погуст балсам или вазелин.

„Nail slugging“ е одобрен и од експерти, кои велат дека таков третман може да помогне ако сакате да го спречите стареењето на вашите раце на долг рок, да добиете посилни нокти и поздрави кутикули.

@jacquelinekilikita Inspired by @💉 Dr Charles MD 💉 @lovefreshpaint @MyTrendyNails #beautyinatik #nailslugging #slugging ♬ Summer Love – Sole Sole

„Работата на кутикулата е да спречи нечистотијата и бактериите да влезат во ноктот и да предизвикаат инфекција. Кога е сува, таа е склона кон пукање, што ја нарушува заштитната бариера и ја зголемува можноста за бактериски или габични инфекции“, изјави маникирката Бритни Бојс за Allure.

Некои дерматолози тврдат дека вазелинот е „лек за нашата кожна бариера“ и препорачуваат да се држат до производи без мирис и прочистени минерални масла. Други експерти советуваат да се користи крем за раце наместо вазелин бидејќи не се апсорбира во кожата.

„Остава леплива текстура. Јас би сакала да користам масло или крем што се апсорбира во мојата кожа и не се пренесува на мојот мобилен телефон“, рече Бојс.

Се препорачува да се „масирате“ еднаш или двапати неделно, навечер, додека можете да нанесувате производи за нега на кутикулите секојдневно.

Write A Comment