Celebrity

ЏЕНИФЕР АНИСТОН ЗА ДЕЦЕНИСКАТА БОРБА ЗА ПОТОМСТВО: Иако ѝ кажувале дека не сака деца, никој не знаел низ што поминува

Ѕвездата од серијата „Пријатели“ (56) даде ретко интервју за ноемвриското издание на британското списание „Harper’s Bazaar“ во кое зборуваше за темата за децата и приказните дека не сака да стане мајка затоа што е „себична работохоличарка“.

„Тие не ја знаеја мојата приказна, ниту низ што поминав во последните 20 години обидувајќи се да основам семејство, затоа што не им кажувам за моите здравствени проблеми. Тоа не е ничија работа. Но, доаѓа момент кога не можете а да не го чуете – наративот за тоа како не сакам да имам бебе, дека не сакам семејство затоа што сум себична работохоличарка“ – искрено рече актерката и додаде дека тоа постојано влијае на неа.

„Навистина влијае на мене – јас сум само човечко суштество. Сите сме човечки суштества. Моето семејство ја знае мојата вистина, моите пријатели ја знаат мојата вистина.“

Актерката неодамна откри дека неуспешно пробала ин витро оплодување и дека жали што не ги замрзнала јајце-клетките години порано.

„Тоа беше предизвикувачко патување за мене, патувањето на правење бебе. Во моите доцни триесетти, четириесетти, поминав низ навистина тешки работи, и ако не поминав низ тоа, никогаш немаше да станам она што требаше да бидам. Се обидував да забременам. Сите тие години и години и години шпекулации… Беше навистина тешко. Одев на ин витро оплодување, пиев кинески чаеви, што и да ви текне.“

„Би дала сè ако некој ми речеше: „Замрзни ги јајце-клетките. Направи си услуга.“ Едноставно не се размислуваше така тогаш. Па еве ме денес. Бродот отплови. Но, не жалам за ништо.“

Write A Comment