Celebrity

Никол Кидман во безвременска комбинација: Дивата прошета во божествен фустан, а пак да ги видите чевлите! (ФОТО)

Никол Кидман остана верна на својот класичен стил на Неделата на модата во Париз.

Актерката Никол Кидман (58) се појави во првиот ред на ревијата на висока мода пролет/лето 2026 на Шанел, одржана во Гранд Пале, облечена во елегантен, целосно црн изглед.

Таа избра тесен мал црн фустан до колена, украсен со црно-бели детали од пердуви и здолниште со светки, од колекцијата на Шанел за 2026 година.

Изгледот го комплетираше со црни чевли со квадратен врв со бела пруга, црна чанта од крокодилска кожа и впечатливи очила во форма на мачкини очи. Класично, ненаметливо и ефективно, исто како и нејзиниот стил.

Таа седеше во првиот ред со уредничката на Вог, Ана Винтур.

Write A Comment