Free zone

Овие семки имаат повеќе протеини од јајцата: ве држат сити подолго време, ви помагаат подобро да спиете и помагаат кај високиот холестерол

Постојат многу намирници на растителна основа кои содржат повеќе протеини од јајцата, а покрај тоа што се супер здрави и евтини, некои од нив не бараат посебна подготовка и се многу практични.

Јајцата се омилена храна за појадок бидејќи се заситувачки, главно поради нивната висока содржина на протеини. Едно големо јајце содржи 7-8 грама висококвалитетни протеини и е богато со бројни хранливи материи кои се корисни за нормалното функционирање на телото, но добро е познато дека многу семки не само што можат да се натпреваруваат со јајцата, туку нудат и повеќе!Значи, во само 28 грама, семките од тиква имаат 8 грама протеини, колку што содржи едно цело големо јајце, со тежина од околу 56-64 грама!

Семките од тиква се исто така богати со магнезиум, цинк и железо, хранливи материи кои се неопходни за квалитетен сон, имунитет и производство на енергија. Покрај тоа, овие семиња се богати и со антиоксиданси и здрави масти, важни за кардиоваскуларното здравје и борбата против воспалението.Голема предност на семките од тиква е што можат да се користат како здрава ужина помеѓу оброците, а секогаш се корисен додаток на појадокот. Затоа нивното додавање во овесна каша ќе ве направи поенергични и ќе останете сити подолго!

Семки од тиква против „лош“ холестерол

Доколку избегнувате јајца затоа што имате проблем со висок холестерол, овие семки се одлична замена затоа што имаат состојки кои помагаат и кај тој проблем.

  • Семките од тиква содржат соединение фитостерол, кое е многу ефикасно во намалувањето на LDL холестеролот – објасни д-р Кетрин Басфорд од британската клиника ZAVA.

Неколку научни студии ги потврдија корисните ефекти од консумирањето семки од тиква кај пациенти со високо ниво на холестерол, а една од нив, објавена во 2012 година, истражуваше како суплементацијата базирана на семки од тиква влијае на лабораториски стаорци со висок холестерол.Стаорците беа поделени во две групи: нормална контролна група и група животни со тенденција да формираат атеросклеротични плаки врз основа на атерогена исхрана. За време на 37-дневната студија, стаорците од втората група кои консумирале додатоци од семки од тиква значително го намалиле нивото на вкупен холестерол и LDL холестерол.

Фитостеролите делуваат така што ја спречуваат апсорпцијата на холестерол во цревата, но тие треба да се користат и со претпазливост бидејќи истражувањата покажаа дека нивното прекумерно внесување во подолг временски период може да предизвика промени во мембраните на црвените крвни зрнца. Сепак, потребни се понатамошни истражувања на оваа тема.

Write A Comment