After Midnight

Каде исчезнаа вистинските мажи?

Вистинските мажи не кинат салфетки под ритамот на некоја од пеачките во ноќните клубови. Во тоа време тие одамна спијат, затоа што наутро ги чекаат далеку поважни работи од твоите локни во косите.

Вистинските мажи ги среќаваш секој ден, но не ги забележуваш, бидејќи не возат кабриолети и не висат по цел ден во фенси клубчиња. Всушност може и да не ги среќаваш толку често, затоа што вистинските мажи излегуваат барем 3 часа пред ти да ја одстраниш шминката од твоето лице.

Вистинските мажи не ги забележуваш, бидејќи кога поминуваат покрај тебе на улица, тие не мирисаат на скап парфем, бидејќи со парите предпочитале да купат кученце за својата ќерка. Не носат брендирана гардероба, бидејќи немаат време да кружат по продавниците. Немаат огромен бицепс, бидејќи во времето во кое не работат се на излет со децата и жената.

Но дури и сеуште да не се семејни луѓе, вистинските мажи не ги забележуваш, бидејќи најверојатно пијат пиво дома, ја пцујат државата и кројат планови како да преживеат. А можеби и не ги гледаш затоа што немаат време за барови, бидејќи работат на три места. Не ги гледаш нивните пари, бидејќи тие не се на тапаните на некој оркестар во кафеаната во која одиш секој петок. Нивните пари се во банка.

О, верувај, вистинските мажи постојат и ти среќаваш секој ден, но не ги забележуваш! А не ги забележуваш бидејќи тие не сакаат да се сретнат со тебе!

Write A Comment