Celebrity

Мачорот в чизми 3Д растура!

Анимираниот филм „Мачорот в чизми 3D“ во првата недела на прикажување во САД заработил 34 милиони долари, додека многу други познати играни филмови не заработиле ни половина од тоа.

Гласовите за филмот, кој има шанси да го надмине рекордот на Хари Потер, ги позајмија Антонио Бандерас, Селма Хајек, Били Боб Торнтон и други.

„Мачорот в чизми 3D“ го остави зад себе еден од најпознатите хорори на сите времиња „Paranormal Activity“ кој во првата недела заработил 18,5 милиони долари. На трето место на листата, засега се наоѓа трилерот со Џастин Тимберлејк „In Time“ со заработени 12 милиони.

Очигледно, приказната за познатиот мачор, кој пред да ги запознае Шрек и магаренцето тргнува на херојско патување со големиот ум Хамтпи Дампти и Кити Мекошеп со цел да ја украде прочуената гуска што несе златни јајца, е доста омилена на масите ширум светот и сите со нетрпение чекаат да ја погледнат.

httpv://www.youtube.com/watch?v=ypdoeLvXvbs&

Write A Comment