Знаете ли која е тајната на совршениот љубовник? Не, таа не се крие ниту во големината, ниту во неговите акробатски вештини, ниту пак во неговото неодоливо тело покриено со плочки од горе до долу… Не! Неговата тајна е односот.
Нема ништо посилно од тоа да покажеш однос кон една жена. Да и покажеш дека си внатре во емоцијата и моментот кој го доживуваш со неа, а не просто само внатре во неа.
Тоа е тајната која ги парви мажите пожелни, тоа е тајната која ќе ја натера да ве памети за цел живот. Бидејќи, момци, доколку сеуште не сте разбрале, ќе ви кажеме! Најголемата сила , со која можеш да покориш друг човек е кога му покажуваш дека тој е значаен, кога му подаруваш внимание и му дозволуваш да ја разголи својата душа пред тебе.
И, не, тоа не се постигнува со мазни комплименти. Ова се постигнува тактички, со финеси и трпение. Да, момци, ако сакате да бидете совршени љубовници, ќе мора најпрво да ги научите овие работи. Затоа, оставете го малку порното настрана и пробајте да влезете во реалноста и во моментот.
Гледајте ја во очи, разгалете ја со убаво вино, насладете и се… И таа ќе врати соодветно. Со страст и сензуалност!
