Божем сакаат да кажуваат се во очи, но и на мажите им се случува да ги прикриваат вистинските мисли. Дури понекогаш зборуваат едно, а во главата им е сосема друго. И, за да не бидете во заблуда, погледнете го вистинското значење на некои машки фрази.
“Да, мила, те слушнав!”
Превод: Идеја немам што ми кажа, но се надевам дека ќе погодам од прв пат, за да не ми викаш два дена.
“Ги видов овие ружи и веднаш се сетив на тебе!”
Превод: Цвеќарката беше супер секси и не можев да не купам нешто.
“Не можам да сакам друга!”
Превод: Веќе се навикнав на викањето и лутењето. Не можам повторно да поминувам низ истото.
“Како и да е”
Превод: Сигурен сум дека сум во право, но уморен сум веќе да се расправам со тебе.
“Симпатична е, но ти си илјадници пати по секси од неа!”
Превод: Таа е поубава од тебе! Ти го знаеш тоа, јас го знам тоа и таа го знае тоа. Но штом си бараш комплимент – добро…
“Ќе си легнам подоцна, затоа што сакам да гледам една спортска репортажа”.
Превод: Ти легни си, а јас ќе гледам малку порно.
“Сега ли сакаш да го направам тоа?”
Превод: Не сакам да го правам тоа ниту сега, ниту потоа. Не можеш ли да го завршиш сама?
“Таа ми е стара пријателка”.
Превод: Пред некое време водев љубов со неа.
“Навистина заслужуваш некој подобар од мене”.
Превод: Ми беше убаво да имам секс со тебе, но веќе ми здодеа.
“Се разбира дека не сум заборавил! Овој датум е важен за мене”.
Превод: Секако дека заборавив. Не можам да се сеќавам на денот на првиот бакнеж, првиот секс, на првото “Те сакам”, на првиот поглед…
“Машки работи”
Превод: Не сакам да ти раскажувам или објаснувам нешто што и онака нема да ти се допадна.
“Многу доцниме”.
Превод: Доцниме поради тебе. Се подготвуваш 5 часа и сега немој да ми правиш забелешки дека ќе возам брзо.
