Дали некој од вас го слушнал изразот дека ако сакаш да добиеш,мора прво да дадеш. Но колку од вас го сваќаат неговото значење? И колку од вас го применуваат во пракса?
Поставете си го ова прашање! А ние ќе се обидеме да ви ја објасниме неговата суштина. Колку што можеме…
Еден од наједноставните закони во природата е дека богатсвото се постигнува со давање. За да добиеш богата жетва на жито, на пример, треба да посееш неколку семиња. Но освен да ги посееш, треба и да се грижиш за нив, додека израснат. Да ги полеваш, да си трпелив додека да се развијат. Но конечно ќе имаш многу повеќе од она што си посеал. Така е и со се во животот.
Најубавото на овој закон е дека секогаш добиваш повеќе отколку што си дал. Многу луѓе сепак не разбираат што е всушност изобилство. Не разбираат дека тоа не вклучува само парични и материјални добра. Всушност, твоето давање може да ти се врати во најразлична форма. Но таа секогаш ќе ти носи некој вид на среќа и задоволство.
Вистината е дека не секогаш добиваш назад од она што даваш. Но ако си дал, на прво место ќе добиеш задоволство. На второ…
Најважно е секогаш да си со отворен ум и да си дозволиш да имаш пошироки хоризонти.
И запомни-давај великодушно. Се разбира, не го заборавај и здравиот разум. Да се лишуваш, за да дадеш, не е за пофалба. Човек треба да дава од она што има во изобилство.
Сепак, за да уживаш во убавината на овој закон, треба да се осмелиш да дадеш малку повеќе отколку што сметаш дека е потребно. Тогаш ќе се радуваш на уште поголем поврат кој ќе доаѓа од различни места.
