Британските научници не шокираа со твредењето дека мажите всушност не сакале нивните жени да изгледаат премногу гламурозно. Истражувачите спровеле анкета во која биле вклучени 2300 слободни мажи. 71% од нив признале дека сакаат нивната идна жена да не е убавица, дури и да е малку грозна (што и да значи тоа).
Аргументи? Така ќе биле помирни, дека нивната избраничка нема да биде опколена од толпа додворувачи. 58% од нив, пак велат дека не одобруваат нивната избраничка да биде со шминка и фризура. Ќе ја чувствуваат поблиска кога е максимално природна и со пуштена коса.
Никаде во студијата, сепак не се споменува дали истите овие мажи не биле пијани, затоа што ние силно се сомневаме во тоа.
