After Midnight

За убав оргазам си треба убав маж!

Требало да сме убави, тенки, со раскошна коса, големи гради, стегнато газе и што ли уште не, за да ги привлечеме мажите. Честито, дојде и време за реванш. Бидејќи според стручњаците од Универзитетот во Пенсилванија, жените се повеќе склони да доживеат оргазам со најубавите мажи.

Причината? Чисто еволутивна! Кога жените доживуваат оргазам за време на секс има многу поголема веројатност да забременат. На потсвесно ниво ( а понекогаш и на сосема свесно) тие бараат… соодветни гени. Што ќе рече – добро сложен и убав човек.

Само без паника, ние не сакаме да раѓаме деца на секој убавец, туку ги сакаме најмоќните оргазми, па момци, стегајте се. Или поточно – разубавувајте се!

Write A Comment