Тинејџерската поп сензација постави нов рекорд – две милијарди кликови на својот „ЈуТјуб“ канал.
Во март оваа година, Џастин Бибер собори еден рекорд на „ЈуТјуб“ – неговиот спот за песната „Bаby“ е прегледан повеќе од 500 милиони пати, а сега канадската поп сензација успеа да се запише во историјата на сајтот „ЈуТјуб“ и по бројот на кликови на неговиот сопствен „ЈуТјуб“ канал.
Тој е првиот воопшто пејач и уметник, кој ја надмина границата од две милијарди кликови и со тоа го сруши рекордот кој претходно го држеше Лејди Гага.
Минатата година, пејачката Гага беше првата личност која успеа да добие една милијарда гледања на своите спотови на овој интернет сајт.
