After Midnight

Во животот жената среќава два типа на мажи

Во срцето на жената има место за два типа мажи. Општо земено.

Едниот ја растреперува само со поглед, и ги протресува нозете само со еден допир, а неговите бакнежи ја пренесуваат во друга вселена, каде се само тој и таа. Тоа е човекот кој ја пали страста во неа, тој е мажот, без кој воздухот не е ист, тој е мажот кој ја тера да го изгуби умот…

Другиот… е добар! Не дека има нешто лошо во тоа. Дури напротив. Тој е оној кој го губи умот по неа. Тој ја обсипува со љубов, се обидува да ја разбира, да ја поддржи, да и биде пријател, потпора и љубовник  истовремено. Тој само сака да и го даде најдоброто. Тоа е мажот кој може да ја разбуди љубовта во неа, тоа е мажот со кого може да го помине цел живот.

Ако си среќничка, ќе ги сретнеш и двата типа во твојот живот. Ако си поголема среќничка, ќе го сретнеш мажот во кој ги има и двата типа. Но обично жената се соочува со избор – едниот или другиот.

И велам “избор” не случајно. Бидејќи обично сами ја избираме судбината и љубовта. И двата типа на мажи ги има, прашањето е кого ти сaкаш да пуштиш во твојот живот.

Секогаш е подобро да се омажиш за човек кој е заљубен во тебе.

Факт! Оваа теорија дури и научниците ја докажаа.

А сепак, не е ли греота? Па, ако не се научиш и ти да го сакаш, тогаш што? И на ова ли напредување треба да му се вика или помирување?

Па…Наречете ме наивна, но јас не сакам да се помирам. И не сакам да верувам, дека кога ќе фатиш “слуга” за сопруг, кој ќе ги задоволува сите твои каприци, тоа ќе се вика среќа или уште полошо – љубов. Не, не е љубов, досада е! И додека не погледнеш на оној – другиот, како на партнер, ќе ја бараш разновидноста во нечии други прегратки.

 

Write A Comment