After Midnight

Која е разликата помеѓу љубовта и страста?

Многу често се случува да ја измешаме страста и физичкото привлекување со вистинската љубов. Иако голем дел од луѓето воопшто не наоѓаат разлика помеѓу овие две состојби. И во двата случаја сакаме некого неразумно, не престануваме да мислиме на него, чувствуваме недостаток кога го нема и среќни сме секогаш кога е околу нас. Но која е вистинската разлика помеѓу љубовта и страста и има ли всушност таква? Или втората е само производсво на втората?

Според научниците разлика има и таа е чисто физиолошка. Страста предизвикува активност во делот на мозокот кој го контролира задоволството, а љубовта ја активира областа, давајќи важност на ова задоволство.

Професорот Џим Пфаунс од универзитетот Конкордија во Монтреал го споделил следново: “Додека сексуалниот нагон има многу конкретна цел, љубовта е посложена”.

Да, љубовта за нас секогаш била сложен мозочен процес, кој и до ден денес не можеме да си го објасниме целосно. Но едно е јасно – тоа доведува до зависност и ние немаме ништо против тоа!

Write A Comment