Најновата студија носи неверојатни резултати во однос на она што се случува зад вратата од спалната. Од 1200 испитаници кои учествувале во истражувањето, речиси 44 проценти признале дека барем еднаш во животот изглумиле оргазам, од кои 23 проценти мажи и 21 процент жени. Исто така, повеќе од една третина мажи се согласиле на секс, иако тие не биле “во расположение”, додека пак истото тоа го направиле само една петтина од понежниот пол.

Зошто го прават тоа? Како што самите велат, луѓето го прават тоа со цел да ја зачуваат врската. Најчесто не сакаат да го повредат или разочараат својот партнер со тоа што не го достигнале својот “врв”, а не е ни мал бројот на оние кои што признале дека имаат недостиг на сексуална самодоверба, па глумат оргазам колку само да помине што побрзо и побезболно.
Оваа студија, објавена во австралискиот весник “The Sunday Telegraph” открива и некои други факти во врска со најинтимните човекови активности. На пример, дури 25 проценти од мажите изјавиле дека во моментот додека имале секс им излетало да кажат “те сакам” или некои други романтични зборови, иако тоа никогаш не го мислеле. Лажна изјава на љубов под напад на страст се случила во далеку помал процент кај дамите.

Кога станува збор за верност, 45 проценти од учесниците во студијата имаат барем еднаш извршено прељуба, од кои тоа го сториле 36 проценти од мажите и помалку од 10 проценти од жените. Она што особено изненадува е фактот што речиси 20 проценти од мажите го признаваат мамењето врз нивните партнери.
