After Midnight

Како жените ја упропастуваат врската?

Ако не прашувате нас, мажите се секогаш виновни! Но, природно, тоа е многу далеку од вистината. И, за да ви докажеме дека ние жените сами сме си виновни, дека не ни оди во љубовта, ќе ве запознаеме со еден многу интересен текст кој неколку од моите пријатели на фејсбук го споделија. Читам и се прашувам да се смееш или да плачеш?! Затоа што, колку што е забавен, толку е и вистински…

Ако ја бакнеш – прост си! Ако не – не си маж.

И даваш комплимент – одрекува. Не и даваш – се лути.

Се согласуваш – немаш карактер. Не се согласуваш – не ја разбираш.

Ја бараш – доседен си. Не ја бараш – не ти е гајле за неа.

Љубоморен си – имаш лош карактер. Не си љубоморен – не ја сакаш.

Доцниш една минута – крај на светот! Доцни еден час – што има лошо во тоа?

Се гледаш со своите пријатели – немаш време за неа. Таа се гледа со своите – нормално.

Ќе се загледаш во друга – ќе ти ги ископа очите. Неа ќе ја гледаат – ова е комплимент. За тебе!

Кога зборува – да ја слушаш. Кога слушаш – зошто не ми зборуваш?

И посветуваш внимание – и досаѓаш. Не и посветуваш – како се осмелуваш!

Нежен си – сака силен маж. Силен си – сака нежност.

Ја смируваш кога плаче – остави ме! Ја оставаш – бездушна свиња си.

И помагаш во кујната – пречиш. Не помагаш – мрзливец си.

Негираш дека фустанот ја прави дебела – лажеш. Не лажи – намерно ја повредуваш.

Ја фалиш нејзината мајка – се улизуваш. Не ја фалиш – типична машка свиња.

Ја прашуваш во кој ресторан сака да ја носиш – каков маж си ти? Не ја прашуваш – не ги почитуваш нејзините желби.

И раскажуваш како ти поминал денот – уфф досаден си! Не и раскажуваш – за ништо веќе не си зборуваме.

Прашуваш како таа го поминала денот – сомнителен си. Не ја прашуваш – ништо не те интересира за мене.

Нека одлучи таа за ручекот – имај мислење барем еднаш! Посакувај, ама ова не ти е ресторан.

Помагаш во чистењето – пречиш. Не помагаш – да, нека се мачи робинката…

Ја милуваш – ми дишеш во уво. Не ја милуваш – бесчувствително говедо.

Многу работиш – ништо не правиш дома. Помалку работиш – ништо не носиш дома.

Го негуваш автомобилот – го сакаш повеќе од мене. Не го негуваш – и мене така ме занемари!

Write A Comment