Предиграта е фундаментален дел од љубовниот живот. Повеќето искусни мажи и жени ќе се сложат дека најдобрите секс-епизоди вклучуваат долга и сензуална предигра. Посветувањето повеќе внимание на предиграта при сексуалниот однос со сигурност ќе го подигне нивото на задоволство на двата партнери.
Често партнерите имаат потреба од „дополнителен зачин“ за целосно да се возбудат и да достигнат максимално задоволство. На мажите можеби им е потребна подолга предигра за да достигнат потполна ерекција, а на жените за да се навлажнат. Никогаш не можеме да кажеме дека премногу време сме посветиле на предигра. Поентата е во тоа да се започне сексуалниот односно кога и двата партнери се максимално возбудени и тешко ги контролираат своите желби.
Предиграта подразбира различни активности како што се соблекување, бакнување, мазење и орален секс, но на листата може да се додадат и сопствени фантазии. Квалитетната предигра е многу важна и за квалитетен секс бидејќи им помага на партнерите да се опуштат и повеќе да уживаат во односот, а на жените полесно да доживеат оргазам. Повеќето жени имаат потреба од долготрајна стимулација за целосно да се возбудат, токму предиграта им го овозможува тоа.
Не постои целосно дефинирана предигра и нејзини јасно одредени елементи. Работата е во тоа да се препознаат желбите и потребите на партнерот кои ќе доведат до поголемо уживање во сексот. Постојат разни начини партнерот да се задоволи, а сè започнува од главата. Доколку има мала самодоверба, дајте комплименти во врска со изгледот, покажете дека ви значи и дека ви е важно уживањето.
Создавањето на соодветен амбиент за сексуален однос подразбира обрнување внимание на детали, што е особено важно во доцните фази на емотивните врски. На пример, погрижете се собата да е доволно топла, да има послабо светло, а во позадина да има суптилна музика. Кога расположението ќе го достигне вистинското ниво, почнете со постепено соблекување кое може да биде значаен дел од успешната предигра. Многумина се согласуваат дека соблекувањето ја зголемува еротичноста на самиот чин – стимулирајќи и интензивирајќи ги чувствата.
Во текот на предиграта не брзајте; почнете со бакнежи и мазење. Бакнежот обично е првото физичко изразување љубов и желба, но често се заборава при сексуалниот однос. За време на односот, бакнувајте различни делови од телото на партнерката и не се ограничувајте само на устата. Многу жени се жалат дека партнерите не ги бакнуваат доволно долго, туку веднаш брзаат кон интимните делови. Не се срамете да експериментирате (многу жени на пример посебно уживаат во бакнување и грицкање на пределот кај вратот и рамената) и не заборавајте да ја продолжите предиграта со повеќе бакнежи и мазење.
Уште една причина што ја прави предиграта важна е тоа што учиме за желбите и потребите на партнерот. Предиграта е совршена прилика да разберете што е тоа што партнерката сака, бидејќи без тоа нема да знаете што треба да направите за да ја стимулирате на вистинскиот начин. Не се срамете; барајте повратна информација од партнерката и давајте информации за себе со цел да имате поголемо задоволство. Двајцата партнери добиваат повеќе за време на сексот доколку комуницираат на вистинскиот начин. Ако вие тешко да се изразите со зборови, покажете ѝ или наведете ја партнерката на она што го сакате и охрабрете ја и неа да го стори истото.
