Сите зборуваат за љубовта и за тоа како таа започнува. Но никој не кажува за тоа како завршува.
Не пишува ниту во љубовните романи, ниту во романтичните филмови. Тие речиси секогаш завршуваат со “и си живееле долго и среќно”. Дали некогаш сте размислувале зошто?
Веројатно зато што во реалниот живот е токму спротивното. Без разлика кој си, каков си, од каде доаѓаш и каде одиш, неколкупати ќе ја гледаш љубовта која завршува. Никој не ти го кажува тоа во почетокот, нели? Понекогаш ќе си главен лик, од кој започнува се, друг пат ќе си жртва, по трет пат ќе си само сведок, без дури да разбереш што се случува…
Но едно е факт – во твојот живот ќе имаш многу повеќе разделби отколку што си замислил, кога си се вљубил за прв пат. Многу повеќе отколку што би прочитал во некоја книга, би видел во некој филм, или некој “поискусен” би ти рекол. Но зошто?
Бидејќи ако го знаеш сето тоа, никогаш нема да ја бараш онаа голема љубов, за која луѓето зборуваат. Ќе знаеш дека сето тоа е минливо – нема да се бориш за него, да плачеш за него – ниту од среќа, ниту од болка, ќе го примаш едноставно како даденост. И тогаш веќе би било бесмислено.
Затоа сме си ја измислиле по- розовата верзија на Теоријата за љубовта. Ја емитуваме од генерација на генерација, од уво на уво, од страница до страница… И така ја претворивме во легенда. Дури и во нешто повеќе – во верба!
Независно од каде си, каква религија исповедаш или не исповедаш, колку години имаш и каков е твојот социјален статус, барем еднаш во животот си верувал во љубовта. Веруваш во неа, уште пред да знаеш што е тоа воопшто. Веруваш, дури и откако ќе сватиш дека тоа не е рајот, за кој си ја сметал. Зошто продолжуваш да се надеваш дека можеби просто не си го сретнал “вистинскиот човек”. И продолжуваш да го бараш. А понекогаш се уморуваш и престануваш.
Но во секој еден од нас – во тебе, во мене… и сите останати, се чува онаа мала надеж дека сето ова сепак постои. И нема како да не постои, нели?
Инаку одамна сите овие приказни за среќен крај би престанале да се пренесуваат!
Велат дека љубовта не прави подобри. Ова е една од најголемите лаги на светот!
Љубовта не прави љубоморни, досадни…. меѓу целата добрина.
Она што навистина не прави подобри, е вербата. Нема друго нешто во што толку многу луѓе во светот веруваат!
И во сето тоа има само еден мал проблем – дека знаеме како почнува љубовта, но не учиме како завршува.
Ништо не ни подготвија за тоа. Ниту филмовите, ниту книгите, ниту искуството на пријателите, ниту нашето сопствено.
Затоа што таа секогаш започнува речиси подеднакво за сите, но завршува без дури да разбереш како и кога… А најлошото е дека понекогаш дури и не разбираме зошто.
Дали се се случувало постепено, со текот на времето, или во еден миг се распаднало се? Или секогаш е поинаку?
Едно е сигурно. Кога ќе сватиш дека е завршена, веќе е доцна. Се лизна од твоите раце, без дури да приметиш. И оттаму нема враќање назад.
Ќе беше убаво некој да не научеше и на ова.
