After Midnight

Четири големи заблуди за предиграта

Иако жените уживаат во бакнежите од партнерот, милувањата и нежностите, предиграта не е клучот за сексуално задоволство. Погледнете кои 4 заблуди се вртат околу неа:

Една ерогена зона е доволна да се возбудите

Убавината е во студирањето! Машкото и женското тело е полно со ерогени зони, а иритирањето само на една може да предизвика спротивен ефект. Предиграта мора да биде разновидна бидејќи во спротивно многу бргу ќе ви стане здодевна.

На жените им е потребна долга предигра

Оваа тврдење не е точно, на жената и е важен начинот на кој партнерот ја допира и го бакнува нејзиното тело, а не колку долго тоа го прави. Исто така и фазата на менструалниот циклус влијае на тоа колку е жената расположена за секс.

Она што го возбудува партнерот потребно е да се повторува

Не, бидејќи постојаното повторување на истите работи ќе го одбие партнерот. Разговарајте за фантазиите, местата кои сакате да ги допирате и ќе откриете многу тајни кои ќе ве одведат на нови секси патувања.

Предиграта им е потребна само на жените

Во многу случаи, се чини така, но тоа дефинитивно не е точно. Таа е подеднакво важна и за мажите и за жените, особено на оние кои се во малку постара возраст.

Write A Comment