Мажите и жените често не зборуваат на ист јазик. Кога е женскиот вокабулар во прашање правилата се многу едноставни. Жените, многу често не го зборуваат она што го мислат, па затоа е неопходно да ги препознаете опасните реченици во женскиот вокабулар за да ги избегнете кавгите.
На прашењето “Што не е во ред” одговорот е обично “Ништо”, но во нашите глави многу работи не се во ред , само сакаме самите да откриете за што се работи.
Гласната воздишка во нашиот речник е всушност збор што значи: “Ти си идиот и јас залудно го трошам времето со тебе”, па подобро бегајте кога ќе видите жена што воздивнува.
Мерењето на времето оди обично вака: ако се шминкаме и се спремаме за 5 минути тоа значи половина час, а доколку вие гледате фудбал уште 5 минути пред да помогнете да го исчистиме станот, во тој случај 5 минути значи 5 минути.
“Добро” – тоа е реченицата со која ја звршуваме кавгата давајќи ви до знаење дека во овој момент е подобро да не зборувате.
“Ништо” – е често одговорот на прашањето “Што те мачи”? и збор кој е почеток на жестока расправија. Ова е една од најопасните женски зборови и после неа следат грмотевици.
“Само напред” – немојте ова да го протолкувате како дозвола, бидејќи во овој случај станува збор за предизвик, нешто како “Само пробај”.
“Во ред” – кога ќе го слушнете ова можете да бидете сигурни дека не е во ред, ова е начин на кој влеиме дека ќе размислиме како ќе платите за својата грешка.
“Баш ти фала” – важно е да правите разлика помеѓу “Фала” и “баш ти фала”, фала е искрен збор, а “баш ти фала” е сарказам.
“Нема проблем, јас ќе го направам” – значи дека повеќе пати сме ве замолиле да направите нешто, а вие не сте го направиле.
“Сеедно” – ова го кажуваме само поради тоа што сме преголеми дами за да кажеме”баш ми е гјле”, но значењето е скоро исто.
