Таа е сето она што тој сака…за викенд!
Убава, остроумна, провокативна, насмеана и со свежо присуство. Секогаш знае што да каже…, но премногу запаѓа за очи, за да ја претстави на своите родители! Ќе го осудат неговиот избор, а на него му е гајле…
Каква е другата?
Таа е сето она што тој веќе има. Смирена, симпатична и со добри манири. Родителите му се вљубјиа во неа штом ја видоа! Добра прилика. Се е одлично, но неговите родители се вљубени во неа дури повеќе и од него!
Сепак, тој сака да си гледа спорт, да си пие пиво, да не се интересира за начинот на изразување и за својата тежина. Додека не се сретне со неа повторно. Фаталната! Онаа која повторно ќе промени се во неговиот живот! Под услов да не се измори и да одлучи, дека има и друг пат – надолу!
Фатална е секоја жена. Може само да се преправа дека е некомплицирана, но тоа е само привремено. Бидејќи ние сме искрено комплицирани, колку и добро да можеме да го прикриеме тоа!
