Објавен е првиот трејлер за филмот „The Safe House“ со Дензел Вашингтон во главната улога.
Дејството во филмот се случува во една сигурна куќа, во која ЦИА крие опасен криминалец под своја заштита (Дензел Вашингтон). Куќата е нападната, а чуварот на куќата (Рајан Рејнолдс) добива опасна задача да го префрли опасниот криминалец, која го бара мафијата, на друга сигурна локација.
Режисер на филмот е Даниел Еспиноза.
Филмот треба да стигне во светските кина во февруари, 2012 година.
Еве како изгледа трејлерот:
httpv://www.youtube.com/watch?v=oWzTOoOpFa8&
