Да сте баксуз и да налетате на маж кој не е баш добар во сексот и не е така ретко, како што вие можеби мислите…
Сексот и не баш така комплициран. Тоа е биолошки нагон, нешто што сите ние би требале да го знаеме инстинктивно, но секоја жена која била со маж кој половина час „се плеткал“ околу копчето на нејзиниот градник или кој никако не можел да ѝ „даде“ добар орален секс, знае дека тоа сепак не е така едноставно.
Се чини дека годините гледање порно филмови и лошите совети од пријателите или од постарите браќа ги онеспособиле мажите да погодат што ние сакаме во сексот. Ниту пак ние си правиме услуга со тоа што често ни е срам да поразговараме за тоа што ни се допаѓа во кревет. На порталот Alter Net постои попис на „5 изненадувачки работи за сексот кои жените не се осмелуваат да им ги кажат на мажите“, како што се „Издржливоста е преценета“ (Понекогаш сексот навистина не мора да трае половина час или повеќе) и „Можеме да препознаеме кога правите нешто што сте го виделе во порно филмови“. Навистина можеме.
Значи, за сите типови кои не се снаоѓаат баш најдобро кога е во прашање женското тело и ние направивме компилација од 10 работи кои жените би сакале мажите да ги знаат за сексот (и нас).
Гради = неодолив дел од телото: Да, да… Тие се убави и кул, но исто како и вашите тестиси – тие се дел од телото кој не може да се оддели. Значи, нема причина за туркање и влечење, како да се обидувате да ги скинете и да ги ставите во џеб.
Користете го јазикот: Кога главата ви е во нашиот „јужен “ предел, заборавете сè што сте научиле од порно филмовите. Да се нурнете со главата внатре и да ја тресете како мокро куче НЕ Е добра техника.
Предигра: Сè што сте научиле за тоа како на жената ѝ требаат повеќе од пет секунди пред да „ставите“ внатре – е точно! На нашите мотори им треба работна температура и не сакаме кога пресилно ќе се притисне на гас. Запаметете го тоа!
Престанете да нè испрашувате: Постојат многу малку работи кои се поиритирачки од тоа кога во моментите на страст нетрпеливиот партнер ве испрашува „Кога/ќе свршиш ли?“. Мислам, убаво е што мислите на нашето уживање, но тоа ќе ви покажеме, кога веќе не сте способни самите да го препознаете по говорот на телото или по изразот на лицето.
Лубрикантот е секогаш добар: Тоа не значи дека не сте успеале доволно да ја запалите и навлажните, но ако сакате да си играте таму „доле“ користете лубрикант! И не, многу жени не сакаат игра со прсти со брзо темпо, особено не без лубрикант!
Немате 15 години: рикање, завивање, па дури и лаење (да добро прочитавте, на некои од нас и тоа им се случило) и друго адолесцентно однесување едноставно не е привлечно. Да, забавно е да се смеете за време на сексот, но не мора да се однесувате како малолетна будала.
Ладни раце = лошо: Не постои полошо од тоа кога потполно ќе се згреете и тогаш некој ќе ве допре со ладни раце. Бррр! Аман, стопли си ги рацете. Носи ракавици или нешто, било што!
Не се обидувајте да не импресионирате: Ние можеме да препознаеме кога се обидувате да бидете „кул“. Откопчување градник со една рака? Тоа нема да нè импресионира. Подобро однесувајте се природно и опуштено.
Сите жени се различни: Случајниот секс е случаен со причина. По правило, неверојатен секс не се случува со некој кој не знае да те допира на прав начин бидејќи не те познава. За тоа ни е потребен некој кој знае (и кој сака да знае) што сакаме и посакуваме во сексот. Затоа, одвојте време и научете нешто повеќе за нас. Верувајте, ќе ви се исплати
Не се плашете од секс играчки: Можеби нема да го споменеме тоа, но ако донесете вибратор во кревет – ќе ви бидеме многу, МНОГУ благодарни.
Се чини дека жените треба почесто да разговараат за тоа што сакаат и посакуваат, и знаете што? Тоа е точно! Ако сакаме подобар секс, мора да бидеме подготвени да кажеме што и како сакаме. Комуникацијата е клуч за подобар секс. Затоа запомнете, кажете му што сакате и што не прави како што треба!
Што вие би сакале мажите да знаат за сексот?
