Погледнете како ќе изгледаат главните ликови во најновото продолжение на филмот „Шерлок Холмс“.
Претставени се постерите од вториот дел на познатиот филм за детективот од улица „Бејкер“ 221Б, кој ќе се појави во кината овој декември.
Шведската актерка Номи Рапас, позната по триологијата „Милениум“, овој пат ја игра улогата на убавицата Симза која своите проблеми ги решава со фрлање ножеви.

Роберт Дауни Џуниор и Џад Лоу повторно ги играат своите стари улоги, а Џеред Морис е холмсовиот заколнат непријател, професорот Моријартир.

