Современите жени се жалат дека непостојат вистински џентмени, според најновото британско истражување во областа. Веќе речиси да нема маж кој ќе помогне на жена да си ги однесе тешките торби до дома или да направи место во градскиот транспорт. И за тоа се виновни пред се жените велат психолозите според кои дамите со години се борат за еднаквост со мажите.
Покрај тоа, повеќето жени би сакале да добијат внимание и грижа малку повеќе од спротивниот пол. Анкетата во Англија покажува дека секоја петта жена тврди дека не познава маж кој може да се нарече џентлмен.

Анализата покажува дека голем процент од жените се надеваат на повеќе внимание од машките колеги на работното место.
Но од друга страна ако колегата наеднаш почне да пројавува особена загриженост и учтивост, жените почнуваат да се сомневаат дека зад тоа се крие егоистична машка цел.
